Најубавата жена во Америка на ужасен начин го открила неверството, а потоа започнал пеколот: „Твојот сопруг спие со мојата ќерка тинејџерка“

Точка

10/05/2025

13:25

1.637

Големина на фонт

а а а

Кон крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите години, нејзиното лице се наоѓало на сите насловни страници во Америка. Славната манекенка, повремено и актерка, жената која долго се сметала за една од најубавите на светот, има богато искуство кое го преточила во книга.

Кристи Бринкли меѓу другото, во биографијата признала дека знае како е да бидеш изневерена, а за неверството на својот сопруг дознала на шокантен начин.

За неа многу од мажите пателе во животот. Пред олтар ја однел само еден од светот на шоубизнисот, популарниот музичар Били Џоел со којшто ја добила ќерката Алекса Реј. Со вториот сопруг, агентот за недвижнини, Ричард, го има синот Џек, додека пак во третиот брак со архитектот Питер Кук, ја има ќерката Сејлор.

Но, ниту третата среќа не била среќа, тие се развеле во 2008 година: „Тоа е мојата најболна врска“, напишала манекенката за својот брак со Питер.

„Беше 2006 година, додека држев говор на свеченото доделување на дипломи во средното училиште Хемптонс. Ми пријде човек којшто никогаш претходно не сум го видела и ми рече: Простете, морам да ви кажам дека вашиот арогантен сопруг има афера со мојата ќерка тинејџерка.

Бев толку изненадена што се вкочанив. Погледнав во публиката да видам каде седи Питер. Штом го здогледав, неговиот поглед беше вперен во моето лице. Почна да одмавнува со главата, велејќи: Не.

Кога целиот свет ќе ви се сруши во моментот сфаќате дека одеднаш сте станале клише жена во средни години штом мажот има афера со многу помладата жена“, додала.

Кристи Бринкли потоа открила дека зборувала со пријателка, после што почнала да го проверува компјутерот на Питер, каде нашла докази.

„Многу фотографии и порнографски извештаи го исполнуваа екранот, па веднаш ги испечатив фотографиите. Фотографии од девојки во пози за возрасни“.

Разводот следел после шестгодишна судска битка

„Постојано говорев дека не разбирам зошто служи предбрачниот договор? Беше исцрпувачки и страшно затоа што секогаш живеев во страв дека ќе ми ги одземе децата, тоа беше постојано патење со кое морав да живеам. Добив предбрачен договор, па не морав да поминувам низ сето тоа, но не беше баш така. Беше неверојатно тешко и тешко е да зборувам за тоа.

Со години никому ништо не кажував, а еден ден кога излегов од судницата, реков: Време е на сите да им објаснам како изгледа врска со нарцис. Потоа жените ми порачаа: Не си сама и ние поминуваме низ тоа.

Многу пати се прашував дали ќе го преживеам тоа, но еден ден застанав, се погледнав себеси и реков дека можам да го направам тоа“.

Оваа дама во април ги објавила своите мемоари „Uptown Girl“, а интересно е тоа што тоа е насловот на хитот од нејзиниот прв сопруг Били Џоел којшто го снимил во 1983 година.