Актерот и режисер Кевин Костнер, со децении зазема посебно место во американската индустрија, а е еднакво познат по своите успеси, но и по проектите кои не ги исполниле очекувањата.
Во едно од своите интервјуа, Костнер се занимавал со темата на успехот и открил кој режисер според неговите зборови, претставува вистинска дефиниција за успех.
Како што објавил магазинот „Far Out“, Кевин Костнер, го издвоил Стивен Спилберг како најуспешен режисер иако никогаш не работеле заедно.
Говорејќи за тоа што за него значи успешен, Костнер немал никаков проблем:
„Вистинска личност која прва ќе ми падне на памет? Стивен Спилберг навистина е успешен“, изјавил Костнер.
Според Костнер, Спилберг се издвојува од останатите режисери
За разлика од многу други режисери чија работа е ограничена на одреден жанр или стил, Спилберг според Костнер, успеал да ги избегне таквите ограничувања.
„Не мислам дека Стивен некогаш се ограничувал. Мислам дека на почеток луѓето се обидуваат да му наметнат дека може да работи само еден вид приказна. Ама човекот е навистина надарен“, изјавил Костнер.
Тој е особено импресиониран од способноста на Спилберг успешно да внесе рамнотежа меѓу критичкото признание и популарноста кај публиката.