Ева Лонгорија облекла свила на гола кожа, па ги истакнала градите, Том Круз со новата девојка „бега“ од папараците... Хит фотографии од 50 роденден на Бекам

Точка

05/05/2025

13:00

7.074

Големина на фонт

а а а

Ева Лонгорија Бастон присуствувала на прославата на 50-от роденден на Дејвид Бекам, свој пријател, но и сопруг на нејзината долгогодишна пријателка Викторија Бекам.

Актерката се појавила во присуство на сопругот, со којшто ретко можеме да ги видиме заедно во јавноста.

Дејвид Бекам роденденот го прославил во ресторанот „Core“ во Лондон. Списокот на гости бил налик на оној кога Викторија Бекам минатата година го прославувала својот 50-ти роденден.


И тогаш Ева Лонгорија носела креација на познатата британска дизајнерка, која во последно време негува свилени фустани со отворен грб.

Тоа е нејзиниот моден адут, а на Ева очигледно многу ѝ се допаѓа. Под ваквиот модел на фустан не се носи градник, а тоа можело да се забележи кога актерката била фотографирана од профил.

Ева Лонгорија која кон крајот на март го прослави својот 50 роденден, неодамна изненадила со својот изглед во Мадрид затоа што се шпекулира дека подлегнала на третманите за ботокс, а изгледа како да е 20 години помлада.


Таа направила одличен избор со детаљот којшто го имала во коса, додека пак нејзиниот сопруг Хосе Антонио Бастон бил облечен во смокинг.

Интересно е тоа што Ева е висока 157 сантиметри и кога на високи потпетици ќе застане покрај нејзиниот сопруг, речиси се со иста висина.

На прославата на роденденот на Бекам бил присутен и режисерот Гај Ричи со сопругата, готвачот Гордон Ремзи и неговата партнерка, како и Том Круз со актерката Ана де Армас со која од неодамна е во врска. Тие во автомобил се криеле од папарацо фотографите, но вистината се знае.


Таа неодамна го прославила својот 37 роденден во британската престолнина, славниот колега бил покрај неа, што е дополнителен знак дека меѓу нив очигледно нешто има.

На роденденот на Бекам присуствувале и неговата сопруга Викторија Бекам, како и нивните деца: Ромео, Круз и Харпер, додека пак Бруклин не се појавил.

Претходно се пишуваше дека постои раздор во семејството Бекам затоа што браќата Ромео и Бруклин не разговараат и тоа поради Ким Турнбул која сега е во врска со помладиот брат, а во минатото се забавувала со постариот наследник.

Се шпекулира дека семејството Бекам не е во добри односи ниту со Никол Пелц, сопругата на Бруклин Бекам.