Во 19 часот, на својот официјален канал, Каролина Гочева го промовираше видеоспотот за новата песна насловена „Мог живота дио“ – со што ја израдува својата верна публика.
Во видеозаписот Каролина е прекрасна и тренди како и секогаш. Преовладуваат кафените и борди тонови, со високи чизми, кожена јакна и лелеави куси панталони во комбинација со блуза од тантела.
Изминатиов период македонското девојче не беше активна со нова музика, па мора да признаеме дека сите бевме „гладни“ за нејзиниот глас.
„’Мог живота дио‘ беше љубов на прво слушање. Снимена пред повеќе од една година, спотот нешто брзо после тоа … би била среќна доколку оваа песна ве допре и вас на истиот начин на кој ме допре и мене“, напиша Каролина во објава на социјалните мрежи.
Автор на музиката и текстот е Дино Мухаремовиќ, а аранжманот го направил Дино Шукало. Видеоспотот е во режија на Миомир Милиќ.
Позитивните коментари не стивнуваат, а успехот е несомнен кога се работи за неа.