[ВИДЕО] Меган Маркл во центар на скандал: Нејзиниот рецепт за сол за капење предизвикал изгореници кај извесна жена – Ѝ се заканува тужба од 7,5 милиони

Точка

10/05/2025

12:59

660

Големина на фонт

а а а

Од луксузот на Нетфликс до центарот за итни случаи, така заврши рецептот за мешавина за туширање на Меган Маркл. Американката Робин Патрик тврди дека претрпела ужасни изгореници поради рецептот што Маркл го покажала во нејзината емисија, и сега бара 7,5 милиони фунти на суд, пренесува Дејли мејл.

Робин Патрик, жена од Мериленд која страда од дијабетес и автоимуно нарушување, тврди дека добила 18 изгореници и сè уште има рани по телото откако во март оваа година го пробала рецептот за мешавина за капење „Со љубов, Меган“.

Во писмо кое го испратила до Меган Маркл, до продукцијата на Нетфликс и компанијата „Archewell“, Робин ги опишала сериозните повреди и посттрауматскиот стрес што настанал по капењето во смесата што Маркл ја прикажувала на телевизија.

„Сè уште чувствувам како моето тело да гори одвнатре“, изјавила Робин за „Радар“, истакнувајќи дека нејзината состојба е дополнително влошена поради нејзиното веќе нарушено здравје.

Што всушност имало во мешавината за капење?

Рецептот што го претставила Меган вклучува Епсом сол, хималајска сол, масло од арника и масло од лаванда. Она поради што многумина биле шокирани е што Маркл не ги измерила количините – таа рекла дека се става „прилично многу“ сол, а член на екипата од серијата прашал од зад камерата: „Дали има одредена количина?“

По само неколку минути, Робин почувствувала печење на нозете и долниот дел од телото, што брзо се претворило во силна болка и изгореници. Таа вели дека се обидела да ги ублажи симптомите со крем и спреј со лидокаин, но состојбата се влошила.

„Откако излегов од кадата, водата сè уште ме печеше додека се туширав. Ми се појавија рани насекаде, дури и на рацете кога се обидов да ја промешам водата за да ја проверам мешавината.“

Тужба од 10 милиони: Робин бара правда

Робин бара минимум 75.000 долари медицински трошоци, но и вкупно 10 милиони долари отштета, обвинувајќи ја Меган и продукцијата за „неодговорно занемарување на јавната безбедност“.

Таа инсистира дека рецептот морал да вклучува предупредување слично на оние на производите против алергии, со оглед на тоа што Епсом солта може да биде ризична за дијабетичарите. Како што тврди, поради повредите, повеќе не може нормално да се тушира, да носи облека над повредената кожа или да функционира без болка.

„Болката е постојана и чувствувам како нешто да ме јаде одвнатре. Откако се случи ова, денот и ноќта ми се хаос.“

Одговорот на адвокатот на Маркл: Нема одговорност


Адвокатот на Меган Маркл ја отфрлил тужбата, тврдејќи дека Робин не ги следела основните предупредувања на пакувањето со солта Епсом:

„Употребата на Епсом солта е контраиндицирана кај луѓе со дијабетес, освен по препорака на лекар. Оваа повреда не била предвидлива.“

Според него, никаква правна одговорност не може да се припише на Меган или на некој од продукцијата.

Претставниците на Нетфликс и Меган Маркл не дадоа официјален коментар, пренесува Њујорк пост.