Prestigio одбележува 10-годишнина од лансирање на новата линија на најсовремени Dual SIM телефони

Точка

13/12/2012

17:07

2.929

Големина на фонт

а а а

Prestigio, динамичен меѓународен добавувач на најсовремена ИТ и техника за масовна потрошувачка, на производи за потрошувачи со свесност за сопствениот стил кој е меѓу првите 5 брендови за таблет персонални компјутери и е бр.1 на пазарот за мобилна навигација во земјите на Централно - источна Европа, лансира три нови модели во новата производна група на паметни телефони, во MultiPhone семејството.

Ова стана влијателна точка на развој на 10 годишнината на брендот што се случи во ноември оваа година. Потврдувајќи висока репутација меѓу водечките развивачи и набавувачи на престижни ,но прифатливи дигитални решенија и додатоци, брендот Prestigio активно ја промовира новата линија на производи во популарниот Dual SIM сегмент на паметните телефони.

По успешното лансирање во ЗНД на пилот моделот MultiPhone 4000 Duo процесор, првиот паметен телефон воопшто произведен од страна на Prestigio, компанијата го презема следниот чекор да остави трага на брзо растечкиот пазар во целиот регион на земји во Европа и ЗНД.



Во 2012 година Prestigio има постигнато значителен успех во продажбата на таблет компјутерите. Благодарение на MultiPad 9,7 Про и MultiPad 9,7 Ултра, компанијата успеа да се пробие на врвот на најголемите производители на таблети и се искачи до 25% удел на пазарот во повеќе земји во регионот на Централна Источна Европа веднаш по Apple и Samsung.

"По невероатниот успех со Prestigio MultiPads во Европа, Блискиот Исток и Африка, добивме многу барања како од препродавачи така и од крајни корисници за усвојување на нашиот производен концепт во Андроид паметните телефони. Резултат од тоа е MultiPhone семејството. Многу добро изведена цена со ефикасен сооднос, голема употребливост веднаш по купувањето, атрактивен дизајн и многу добро изграден квалитет." изјави Јуриј Антошкин, ГИД на Prestigio.



Постојат три модели кои претставуваат продолжување на производната линија и сите имаат една корисна заедничка карактеристика - поддршка на двојна СИМ картичка. Префрлување од една на друга СИМ картичка се врши секогаш со едноставно притискање на хардверското копче кое го поедноставува постоењето на два телефони во еден и можноста да се оддели работата од слободното време. Користејќи ја оваа предност, лесно е да се комбинираат две различни тарифи или даватели на услуги во исто време.

MultiPhone 4300 DUO

MultiPhone 4300 DUO (PAP4300DUO) се карактеризира со 4,3 "| 10.9cm IPS multi-touch екран кој дава брилијантна, јасна и живописна слика. Овој паметен телефон има Кортекс A9 1GHz процесор кој го одржува Андроид 4.0 Ice Cream Sandwich и апликации кои работaт непречено и брзо. Покрај мобилната поврзаност HSDPA, HSUPA, 3G/UMTS и quad-band GSM, MultiPhone 4300 Duo доаѓа со WiFi и Bluetooth. Една специфична карактеристика е задната камера со 5Mpx и авто-фокус, предната камера нуди 0.3Mpx за видео-повици. Карактеристики како GPS, FM радио, сензор како и светлосен сензор и е-компас се исто така вклучени во лесниот, елегантен телефон. Овој сет од карактеристики го прави MultiPhone 4300 Duo целосен и моќен Андроид паметен телефон кој се обраќа и на двете категории на бизнис луѓето, но и на приватните корисници.



MultiPhone 4040 DUO
Следниот модел во линијата е MultiPhone 4040 DUO (PAP4040DUO). Овој паметен телефон на Андроид, во основа е „малиот“ брат на MultiPhone 4300 DUO, бидејќи ги има сите спецификации, но на помал екран од 4.0"|10.2cm.

Двата модела доаѓаат во пакет со внимателно избрани апликации кои може да се користат веднаш по распакувањето, да именуваме неколку од нив: Youtube, Skype, Facebook, Twitter, игри како Angry Birds, Office Suite Pro и eReader Prestigio: високо прилагодлива апликација за читање на електронски книги со директен линк до продавницата за електронски книги на PrestigioPlaza со повеќе од 260,000 електронски книги на 23 јазици.



MultiPhone 3500 DUO

Овој паметен телефон на Андроид е со multi-touch екран од 3.5" | 8.9cm и таргетира луѓе, на кои им е потребнa мултифункционалноста, но немаат потреба од голем екран и бараат поекономично решение. 1GHz Qualcomm CPU му доделува моќност на оперативниот систем Андроид 2.3 Gingerbread и бројните преинсталирани апликации, внимателно избрани за различни цели: покрај стандардните апликации, ќе ги најдете Skype, Twitter, Facebook, ereader Prestigio и уште многу други. Големата корисност на апликациите е комплетирана со карактеристикиод типот Skype, Twitter, Facebook, the ereader Prestigio во овој супер мобилен дизајн со џебни димензии.



Капацитетот на информации за сите три MultiPhones може да биде надграден со microSD картичка до 32GB и секој телефон има microUSB влез за полнење и префрлање на податоци.

Prestigio MultiPhones имаат 2 годишна гаранција.

За крајот на 2012 Prestigio има намера да лансира уште еден MultiPhone модел, базиран на Android 4.0 наменет за пазарите на Заедницата на независни држави и за Европа, Блиски исток и Африка.