Музичкиот продуцент Бени Бланко на ТикТок објави видео од својата сопруга Селена Гомез како се сонча топлес, а снимката за кратко време стана вирална.
Парот, кој се венчал минатиот септември по околу две години врска е познат по тоа што не ја крие меѓусебната приврзаност во интервјуата и на социјалните мрежи.
Снимка од јахта
Бланко минатиот викенд уште еднаш покажа колку е воодушевен од својата сопруга. На ТикТок сподели видео на кое таа се сонча на јахта, а снимката е на самата граница на дозволената содржина според правилата на платформата за голотија.
На снимката Гомез лежи на стомак, без горниот дел од костимот за капење. Не се гледа дали го носи долниот дел, а штом забележува дека Бланко ја снима, се насмевнува и го покрива лицето.
Видеото само на ТикТок собра повеќе од 26 милиони прегледи, а коментарите се претежно позитивни. „Селена изгледа брутално и се надевам дека е свесна за тоа!!!“, напиша една корисничка. Друг корисник се пошегува: „Дали жена ти е слободна?“.
Меѓу коментарите се најдоа и пораки како: „Честитки, го сруши интернетот“ и „Бени, какво е чувството да имаш жена за која сите сонуваат?“.
Други ја опишаа Селена како „вечна кралица“ и „прекрасна“, а Бени како „најсреќниот човек на светот“. Еден корисник го сумирал општиот впечаток: „Среќна е затоа што нашла маж кој ја сака и се гордее со неа, а тоа е единственото нешто што е важно“.
Јавни гестови и изјави на љубов
Минатата година Бланко привлече внимание со видео во кое објасни како се справува со напнатите ситуации во врската со Селена.
„Кога ќе забележам дека се создава напнатост, целта ми е да ја смирам ситуацијата, а не дополнително да ја разгорувам. Ако почувствувам дека се приближуваме до точка во која за пет минути собата би можела да експлодира, нема да дозволам да дојде до тоа. Размислувам кои алатки ги имам и што функционира кај неа. Не сакам да ги влошам работите“, рече Бланко.
Тој додаде дека се обидува да ја смири бидејќи не гледа смисла и двајцата да бидат вознемирени.
Неговите изјави наидоа на одобрување од публиката. Многумина ја пофалија неговата „емоционална интелигенција“ и истакнаа дека создава „безбедна средина“ во нивната врска.
Обожавателите често коментираат дека Бланко изгледа како најголемиот обожавател на својата сопруга. Претходно оваа година тој патувал со брод до Европа, бидејќи се плаши од летање за, за нејзиниот роденден да ѝ подари курс по готвење во Италија. Тогаш на Инстаграм напиша: „Моја прекрасна сопруго … Ќе те водам каде и да посакаш, засекогаш… Среќен роденден, љубов моја“.
Минатата година организирал и фотосесија на тема матурска вечер, заедно со изнајмена лимузина, бидејќи Гомез, која била детска ѕвезда, никогаш немала можност да присуствува на сопствената матурска вечер.
















