Поранешната манекенка и една од најпознатите македонски убавици, Александра Накова, ја изненади јавноста со веста дека по вторпат стана мајка. Таа на социјалните мрежи објави фотографија од малечко бебешко раче и откри дека добила син.
Накова долго време успеа да ја зачува бременоста далеку од очите на јавноста. Првото навестување дека е бремена го сподели пред два месеци, кога објави фотографија на која позира со бело, проѕирно платно околу телото, а во описот напиша „29-та недела“.
Веста дека станала мајка ја потврди кон крајот на август. На Инстаграм Стори таа објави фотографија од рачето на новороденчето, со која ја сподели и среќната вест.
„Добредојде на свет најмило мое. Александар 30.08.2026“, напиша Александра, откривајќи дека синот го носи нејзиното име.

По породувањето, Накова сподели и досега невидена фотографија од периодот на бременоста, на која го покажува трудничкото стомаче.
„Моето срце е полно со тебе“, напиша таа во објавата на Инстаграм.
Малиот Александар е нејзино второ дете. Александра ја има и ќерката Леа, која ја доби во бракот со кошаркарот Никола Гајдаџиев.
Во изминатиот период Накова беше поврзувана со бугарскиот фудбалер Ѓорѓи Јомов. Иако двајцата досега не споделуваа многу детали за својата врска, нивните објави на социјалните мрежи, меѓу кои и неколку заеднички моменти на Инстаграм Стори, навестија дека се во љубовна врска.

Откако Александра ја објави фотографијата со новороденчето, истата фотографија ја сподели и Ѓорѓи Јомов. Со тоа тој практично потврди дека токму нивната љубов е крунисана со раѓањето на синот Александар.
За разлика од нејзиниот брак со Никола Гајдаџиев, кој беше експониран во јавноста, Александра овојпат очигледно сака приватниот живот да го задржи подалеку од медиумското внимание.








