Познатата актерка исфрлена од хотел: Гостите тврдат дека била под дејство на алкохол

Точка

01/09/2026

20:51

241

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Џејми Присли, позната по улогата во серијата „My Name Is Earl“, наводно била замолена да го напушти хотелот во Калифорнија откако гостите се пожалиле на нејзиното однесување.

Присли престојувала во хотелот „Signia by Hilton San Jose“ пред планираното појавување на конвенцијата „GalaxyCon“.

Според сведоштвата на гостите, таа околу 30 минути гласно разговарала на телефон, пцуела и консумирала алкохол, а делувала како да е под негово дејство, пишува „ТМЗ“.


По поплаките од гостите, ѝ пришле двајца припадници на обезбедувањето, но актерката наводно ги игнорирала.

По разговорот, таа ѝ пришла на една жена која присуствувала на свадба, ја допрела по раката и ѝ се пожалила на обезбедувањето.


Присли потоа наводно излегла да пуши, но набргу се вратила во хотелот, држејќи се за рака со вработен кој работел како паркинг-службеник.

Потоа отишла до барот и нарачала уште еден пијалак, по што обезбедувањето ја испратило надвор од хотелот.

Еден извор тврди дека актерката била замолена да си замине бидејќи допрела друг гостин.

Извори запознаени со ситуацијата навеле дека Присли во тој период имала семејни проблеми кои придонеле за нејзиното необично однесување.


Во меѓувреме, таа го откажала своето појавување на „GalaxyCon“. Полицијата во Сан Хозе потврдила дека не била повикана поради инцидентот, додека од хотелот не сакале да го коментираат настанот.