Американскиот актер Џорџ Клуни денес оценил дека Соединетите Американски Држави се наоѓаат во „тежок момент“ и изјавил дека во моментов ги водат „најмалку квалификувани луѓе“.
„Соединетите Американски Држави во моментов ги водат неспособни луѓе, но работите ќе се вратат во нормала откако Демократската партија убедливо ќе победи на меѓуизборите за Конгресот во ноември“, рекол Клуни.
„Поминавме и низ други тешки моменти и ова е еден од нив. Постои фантастичен израз – ’какистократија‘, кој означува земја со која управуваат најмалку квалификувани луѓе. Мислам дека можеби токму сега се наоѓаме во какистократија, но ќе се избориме“, истакнал Клуни на прес-конференција пред отворањето на 83. Меѓународен филмски фестивал во Венеција, каде што вечерва ќе го прими Златниот лав за животно дело, пренесе агенцијата „Аднкронос“.
Говорејќи за актуелната политичка ситуација во САД, Клуни рекол дека денес постои идеја дека суровоста е основа на сè и дека суровоста и непристојноста станале дел од забавата.
„Каде исчезна чувството за пристојност? И ова ќе го надминеме“, рекол Клуни.

Потсетуваме, актерот често ја критикува политиката на американскиот претседател Доналд Трамп, па така американскиот напад врз Иран го нарекол воено злосторство.
Од Белата куќа возвратија дека единствената личност која извршува воени злосторства е самиот Клуни, и тоа „поради неговите ужасни филмови и катастрофалната глума“.









