[ВИДЕО] „И тоа додека се на смена?“: Вирална снимка од полицаец и полицајка предизвика лавина од теории

Точка

19/08/2026

12:06

961

Големина на фонт

а а а

Снимка од двајца полицајци од Вашингтон, долга само девет секунди, стана предмет на бројни анализи на ТикТок, иако на неа нема звук ниту дополнително објаснување. Корисниците веднаш почнаа да прават паралела со виралниот случај од концертот на „Coldplay“ и да шпекулираат за односот меѓу полициските службеници.

Краткото видео, кое го објавил корисникот @perss.son, прикажува полицаец и полицајка покрај службено возило. Стојат блиску еден до друг и разговараат за време на смената. Во еден момент полицаецот ја става раката на долниот дел од нејзиниот грб, по што таа разиграно го удира со лакт во тактичкиот елек и се насмевнува.

Самата снимка не покажува што точно се случува ниту каков е односот меѓу нив. Не е познато дали полицајците се во врска, пријатели или само опуштено се однесуваат додека разговараат.

Вниманието дополнително го привлече описот на видеото. „И тоа додека се на смена? Полицијата на Вашингтон повторно во акција“, напишал авторот на објавата.


ТикТок отпочна сопствена истрага

Во коментарите многу брзо се развила расправа, а бројни корисници почнале да носат заклучоци врз основа на краткиот исечок. Дел од нив сметале дека биле сведоци на нешто несоодветно, додека други предупредувале дека од неколку секунди видео не може да се дознае целата приказна.

„Обид за изневерување во јавност, во време кога социјалните мрежи се посилни од нашата војска, тоа навистина е лудо“, напишал еден корисник.

Некои отишле и чекор понатаму, па шпекулирале за можните последици. „Човече, ќе им ги уништиш браковите и ќе им средиш деградирање или отказ“, напишал еден коментатор. Друг додал: „Се надевам дека и двајцата ќе добијат отказ и ќе се разведат“.

Расправата станала уште полична откако еден корисник тврдел дека полицаецот од снимката му е вујко. „98 отсто сум сигурен дека тоа е мојот вујко и 100 отсто сум сигурен дека тоа не е мојата вујна“, напишал. За ова тврдење, како и за останатите претпоставки за нивниот однос, нема потврда.


Споредби со љубовниците од концертот на „Coldplay“

Дел од корисниците веднаш виделе поврзаност меѓу снимката и виралниот момент од концертот на „Coldplay“, кога реакцијата на парот прикажан на големиот екран за време на „kiss cam“ предизвика бројни коментари на интернет.

„Дали ова е новиот концерт на „Coldplay“?“, се пошегувал еден корисник.

Сепак, не сите гледачи сметале дека на снимката има нешто спорно. Некои ги бранеле полицајците и истакнувале дека не може да се носат заклучоци за нивниот приватен живот врз основа на кратко видео. „И двајцата изгледаат среќно и како да се забавуваат. Секоја чест, не гледам ништо спорно“, напишал еден корисник.

Така, снимката, и покрај тоа што трае помалку од десет секунди и не дава речиси никаков контекст, стана уште еден пример за тоа како социјалните мрежи често создаваат големи расправи и теории од кратки исечоци.