[ВИДЕО] „Водителите главно се ретардирани; премногу е за тебе да читаш книга“: Сите скандали на Ведрана Рудан во живо, вака ќе ја паметиме

Точка

18/08/2026

11:12

584

Големина на фонт

а а а

Ведрана Рудан денес замина во „подрачје без сигнал“. Во нејзино име, ќе ве потсетиме на моментите поради кои сите ја обожаваа.

Денес, по долга и тешка болест, нè напушти Ведрана Рудан, писателка која го освои регионот со своите романи и остриот јазик.

Последниве години знаевме сè за нејзината тешка борба благодарение на блоговите што ги објавуваше и кои, за жал, ги имаше сè помалку и помалку. Во нив зборуваше за неправдата, болките и тешките мисли, но повторно со доза хумор и сарказам поради кои ја обожававме.

Таа го зборуваше она што никој не се осмелуваше да го каже, и тоа го правеше во секоја пригода, дури и во живо во утринската програма.

Сигурни сме дека се сеќавате на моментите од нејзините гостувања во емисиите, кои сега веќе станаа култни на социјалните мрежи, во кои остро ги критикуваше и Јована Јоксимовиќ, Срѓан Предојевиќ и Марија Килибарда.

Нејзиното гостување кај Јована Јоксимовиќ донесе куп прозивки – од тоа дека „купила вила од Кариќ“, преку коментарот „и јас да ги имам вашите пари, ќе бев убава“, но и „дека би можела да ја прочита книгата“ која дошла да ја промовира во емисијата. „Но, тоа би било премногу за тебе, да не претеруваме“, ѝ додаде Рудан.


„Водителите главно се ретардирани“

Ништо подобро не помина ниту кумот на Јована, водителот Срѓан Предојевиќ, кого Ведран во една прилика добро го „испоти“.

На Срѓан Предојевиќ, уште од моментот кога започна гостувањето во „Јутарњи“, таа реши да му „зачини“ поради погрешната најава.

„Ви благодарам што ме поканивте и погрешно ме најавивте и рековте дека сум Весна и дека сум од Загреб, но главно водителите се ретардирани, нели?“, веднаш остро и без влакна на јазикот настапи писателката.

Дознајте и зошто му рекла дека зборува глупости, додека тој се обидувал да не се насмее:

„Не најдовте пастув да ве оплоди?“

Пред неколку години јавноста со денови зборуваше за нејзиното гостување кај водителката Марија Килибарда и непријатниот разговор што се случи пред камерите.

„Што ве скрши?“ ја праша Ведрана Марија.

„Па, на пример, затоа што кога жена на 41 година навистина сака да има дете, а го нема, а потоа цело време во книгата се споменува ‘па што ќе ти се деца’“, искрено рече Килибарда.

„Но, вие имате 42 години. По оваа реченица навистина ве сметам за светска будала. Што ќе ви се деца?“ ја праша писателката.

„Па, некако сум остварена во секоја друга смисла, а од својата 25-та година имам физичка потреба да бидам бремена“, рече водителката.

„Па што, од 25-тата година до денес не можевте да најдете некој пастув да ве оплоди? Си се имате себеси, имате љубовник, веројатно имате лош шеф или шефица, што ќе ви е уште и дете. Вашата бејбиситерка веројатно ќе чини повеќе“, рече Ведрана.

Ведрана Рудан, секако, беше во одлични односи со сите водители кои ги критикуваше во живо во програма, а нивната смеа беше заразна, па и клиповите од нејзините гостувања станаа најгледани на мрежите.