Ова се вика „да ја погледнеш смртта во очи“: Снимка од Грција ја замрзнува крвта, отсега ќе слави два родендена!

Точка

14/08/2026

14:31

1.415

Големина на фонт

а а а

„Да бев со автомобил, немаше да можам да ја избегнам“, раскажува мотоциклистот кој за влакно избегнал директен судир со цистерна на патот кај езерото Пластира во Грција. Снимката од опасното претекнување беше објавена на социјалните мрежи, по што надлежните успеале да го идентификуваат возачот на камионот и да го приведат.

На снимката се гледа како возачот на цистерната, во кривина и на непрегледен дел од патот, преминува во спротивната сообраќајна лента за да претекне друго возило. Во истиот момент, од спротивната насока наидува мотоциклист, кој сфаќа дека огромниот камион се движи директно кон него и дека му се заканува челен судир!

Мотоциклистот успеал да реагира во последен момент и да ја избегне цистерната, но, како што вели, само неколку сантиметри го делеле од трагедија.

„Излегов со моторот со намера да снимам видео. Додека се движев кон езерото Пластира, по неколку кривини, наидов на цистерната. Камерата беше свртена на другата страна, но јас со свои очи ја забележав многу порано и затоа успеав да ја избегнам“, раскажал мотоциклистот за медиумите.

Како што вели, во моментот кога сфатил дека камионот се движи директно кон него, немал време ниту да размислува.


„Не размислував за ништо, главата целосно ми се испразни. Само си помислив: нешто ме спаси. Да бев со автомобил, навистина немаше да можам да ја избегнам, бидејќи немав многу простор. Буквално бев на самиот раб со моторот“, изјавил тој.

Откако беше објавена на социјалните мрежи, снимката го привлече вниманието на јавноста, но и на полицијата. Управата на сообраќајната полиција на Атика започнала истрага по службена должност, иако првично не било познато каде точно се случил инцидентот.

Со истрагата било утврдено дека опасното возење се случило во областа на езерото Пластира. Полицијата го идентификувала возачот на цистерната, кој бил пронајден во Солун и приведен во Управата на сообраќајната полиција во Солун.

Против него е поведена постапка поради опасно возење.