[ВИДЕО] Родри ги трогна фановите на Сити со прошталната порака: Видовме работи што другите никогаш нема да ги видат!

Дерби

19/08/2026

07:55

284

Големина на фонт

а а а

Родри остави зад себе неверојатни седум години во Манчестер Сити и освои се што може да се освои како претставник на „небесно-сините“, но откако стана светски шампион со Шпанија, почувствува потреба дека е време за промена.

Искусниот играч за врска стана првиот играч во историјата на Манчестер Сити кој ја освоил „Златната топка“, имаше директно влијание за историските четири титули во низа во Премиер лигата, како и за толку посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите, а бидејќи си заминува со наследство кое никој не може да го поништи, самиот реши да се одјави како што му доликува.

Родри вчера го официјализираше трансферот во Барселона, но покрај тоа што ги даде првите изјави како член на Каталонците, подготви и специјално видео со кое се одјави од Сити и омилениот Манчестер.


– Драги навивачи на Сити, открив дека збогувањето е едно од најтешките нешта во животот, но ќе се обидам да го направам тоа. Тешко е да се пронајдат зборови за да се изрази колку благодарност, љубов и поддршка јас и моето семејство доживеавме сите овие години.

– Се сеќавам како се чувствував кога пристигнав, потпишувајќи за големиот Манчестер Сити. Тоа беше момент на чиста возбуда – „уау“ ќе играм со Кевин, Агуеро, Силва, Бернардо, Џон и многу други…… Не можев да престанам да се смеам.

– А, потоа Пеп, чекаше да ме научи сè од првиот ден. Пеп, можам да ти кажам сега, не можев да се справам со сите тие тактики во главата. Исто така, на почетокот ми се појави прашањето, „дали можеме да се справиме со сите овие очекувања за следните години“. Мислам дека патот што го изодевме дава добар одговор на тоа прашање.

– Знаев дека дојдов во врвен тим, но никогаш не помислив дека можеме да го создадеме наследството што го создадовме освојувајќи трофеи, навивачи низ целиот свет, љубов и почит. Создадовме пример за да ги инспирираме следните генерации не само поради успехот, туку и поради начинот на кој го направивме тоа. А навивачите беа со нас во секој чекор од патот.

– Многу неверојатни моменти ми доаѓаат на ум. Мојот прв трофеј во Сити, во мојот прв натпревар. Победничките моменти во последната минута, како што е голот против Арсенал на гостински терен. Постигнување гол во натпреварот против Вила за да стигнеме до Премиер лигата, кога тоа изгледаше толку тешко. Постигнувањето гол за освојување на Лигата на шампионите, трофеј што сите толку многу го сакавме.

– Неверојатниот прием што ми го приредивте по „Златната топка“. Не можете да замислите колку сум горд што сум првиот играч што ја освоил оваа награда во небесно синиот дрес. Пишување историја, со тројната круна, со четири титули по ред. Видовме работи што другите никогаш нема да ги видат.

– Не ме разочаравте и во лошите моменти. Првиот ден кога се вратив на теренот по тешката повреда, сфатив колку ме сакате и разбрав колку се посебни овие навивачи.Сити не ме направи само да пораснам како играч. Сити направи да пораснам како човек, – порача Родри.