Астон Вила се засили со екс играч на Манчестер Јунајтед

Дерби

19/08/2026

07:28

379

Големина на фонт

а а а

Раководството на Астон Вила продолжува да го надградува ростерот во пресрет на официјалниот почеток на новата сезона, а на ред сега дојде и позицијата десен бек.

Клубот од Бирмингем постигнал договор со Вест Хем за во своите редови да го доведе Арон Ван-Бисака, кој на овој начин ќе продолжи да игра во Премиер лигата.

Лондонскиот клуб барем една сезона ќе мора да се бори за враќање во елитата преку Чемпионшип, а фудбалерот од ДР Конго го пропушти првото коло, веројатно очекувајќи вакво сценарио.

Не се познати финансиските услови, но се знае дека Ван-Бисака првично ќе пристигне на заем, а Вест Хем претходно за неговите услуги бараше околу 22 милиони фунти.

Ван-Бисака се етаблираше во Премиер лигата откако потпиша за Манчестер Јунајтед во 2019 година и остана на „Олд Трафорд“ пет сезони, освојувајќи еден трофеј во ФА купот.