Италијанска музичка ѕвезда воодушевена од трансфер потегот на Рома: Ќе заплачам…

Дерби

18/08/2026

13:54

231

Големина на фонт

а а а

Рома долго преговараше со Порто за трансферот на Родриго Мора, а се чини дека од синоќа фудбалерот добил зелено светло за резервација за билет за Рим и потпис на договор со својот нов клуб.

„Волчицата“ му понудила амбициозен проект на талентираниот Португалец и еден од најдобрите светски фудбалери во својата генерација, па тој самиот инсистирал да добие дозвола за трансфер.

Порто ќе добие 25 милиони евра сега, а ќе задржи 50 проценти од сопственоста на фудбалерот, удел кој Рома може подоцна да го откупи за уште 25 милиони евра.

Рома е уште еден клиент на Жорге Мендеш и се што не е провизија за агентот, оди како директен профит и капитална добивка за португалскиот состав, што ќе има посебно значење во однос на финансискиот фер плеј.

Фановите на римскиот клуб можат да бидат задоволни затоа што добиваат фудбалер кој ветува возбудливи моменти за клубот, а во тој стил реагирал и познатиот пејач Дамијано Давид, кој е голем навивач на „волчицата“.

– Ќе заплачам, – напишал кратко фронтменот на „Манескин“ како коментар на постот на Фабрицио Романо за овој трансфер.