Се сеќавате на момчето кое Азар го удри? Целиот свет денес пишува за него бидејќи заработи стотици милиони евра

Точка

18/08/2026

15:43

1.570

Големина на фонт

а а а

Чарли Морган работел како собирач на топки на натпреварот меѓу Свонси Сити и Челси кога се судрил со Еден Азар.

Фудбалската јавност во 2013 година по бизарниот инцидент со Еден Азар на натпреварот меѓу Свонси Сити и Челси. Тринаесет години подоцна повторно ги полни насловните страници, но од сосема поинаква причина. Компанијата што ја основал треба да биде продадена во зделка вредна околу 500 милиони фунти.

Една од најбизарните сцени во англискиот фудбал се случи пред 13 години. Тогашниот тинејџер Чарли Морган работел како собирач на топки на натпреварот меѓу Свонси Сити и Челси кога дошло до судир со Еден Азар.

Морган завршил на земја со топката под себе, додека Белгиецот се обидувал што побрзо да дојде до неа. Азар притоа го удрил со нога и заработил црвен картон.

„Момчето со целото тело лежеше врз топката, а јас само се обидував да ја удрам топката. Мислам дека ја удрив топката, а не него. Се извинувам“, изјави Азар по инцидентот.

Снимката го обиколи светот, а Морган преку ноќ ѝ стана познат на фудбалската јавност.

Од собирач на топки до огромен претприемачки успех

Само две години подоцна, Морган со својот деловен партнер Џексон Квин започнал сосема поинаква приказна.

Двајцата во 2015 година ја основале „Au Vodka“, бренд на алкохолен пијалак кој со текот на времето стана исклучително популарен во Велика Британија и препознатлив по карактеристичните златни шишиња.

Деловниот потфат сега би можел да им донесе огромно богатство. Според пишувањето на „Sky News“, „Au Vodka“ ќе биде преземена од американскиот производител на алкохолни пијалаци „Sazerac“, а вредноста на зделката наводно изнесува околу 500 милиони фунти.

„Sazerac“ во своето портфолио веќе има познати брендови како „Southern Comfort“ и „BuzzBallz“.


Продажбата би требало да биде завршена за неколку недели

„Sazerac“ потврди дека е постигнат обврзувачки договор за преземање на „Au Vodka“, но финансиските детали од трансакцијата не беа официјално објавени.

Од компанијата порачаа дека Велика Британија е важен пазар за нив и дека преземањето ќе им овозможи дополнително зајакнување на тамошното работење.

Завршувањето на трансакцијата се очекува во рок од неколку недели, по исполнувањето на вообичаените услови.


Во приказната се вклучи и Џејк Пол

„Au Vodka“ во последните години стана вистински феномен на социјалните мрежи, што значително помогна во нејзиниот раст.

Британскиот радио диџеј Чарли Слот стана еден од инвеститорите, додека дополнителна реклама на брендот своевремено му направи и Џејк Пол. Инфлуенсерот и боксер во интернет-шега се преправаше дека го тетовира логото на „Au Vodka“ на своето тело.

Препознатливите златни шишиња во меѓувреме станаа заштитен знак на компанијата, а приказната на нејзиниот коосновач звучи речиси неверојатно.

Чарли Морган пред 13 години беше тинејџер кого целиот фудбалски свет го запозна поради неколку секунди хаос со Еден Азар. Денес е успешен претприемач чија компанија е пред продажба вредна стотици милиони фунти.