Пеп Гвардиола е минато и дел од најзначајните моменти во клупската историја на Манчестер Сити, а најновата документарна серија посветена на оваа етапа од неговата кариера ќе открие интересни детали за фановите.
ТВ серијалот „Убава опсесија“ ќе им биде достапен на гледачите од утре, а во англиските таблоиди веќе се појавија детали со кои се најавуваат дел од поинтересните моменти кои досега не беа познати за јавноста.
Еден од нив е говорот на Гвардиола по поразот од Јувентус во декември 2024 година, момент кога тој првпат им открива на своите фудбалери дека се развел со својата сопруга.
– Се разведов од најубавата жена на оваа планета. Тоа е мојата сопруга, мојата бивша сопруга. Ја сакам неверојатно, но ја загубивме страста.
– Од многу причини ја загубивме страста иако јас апсолутно ја сакам. И таа ме сака, но ја загубивме страста.
– И така треба да се игра и фудбал. Чувствувате нешто однатре, но каде ви е страста. Во животот што и да правите, правете го со страст. Не сакам добри фудбалери, туку сакам фудбалери со страст, – рекол Гвардиола.
Јавноста првпат дозна за разводот веќе во јануари 2025 година, кога веста се појави во шпанските таблоиди.








