Родри беше промовиран како нов играч на Барселона и стави параф на договор до 2030-та година, трансфер од кој дефинитивно мора да бидат задоволни сите во каталонскиот гигант.
Играчот за врска ја врати најдобрата форма на Светското првенство и го доби МВП признанието од страна на ФИФА, па како играч кој треба да донесе голем плус во тимот на Ханси Флик, задоволството од потврдата на операцијата не го криеше и Германецот.
Целата зделката може да достигне 75 милиони евра и Барселона реши да го одврзе ќесето за играч кој го избра проектот на Каталонците пред оној на Реал Мадрид, па од таа гледна точка, сатисфакцијата е двојно поголема меѓу актуелните шампиони.
– Родри се претвори во добра опција за нас и не смеевме да го пропуштиме тоа. 100 посто сме убедени дека добиваме фантастичен играч во тимот. Станува збор за играч кој нуди специјални квалитети и за мене е генијално што ќе можам да сметам на него, – изјави Флик, кој посебно издвои три квалитети на Родри.
– Најверојатно станува збор за најдобрата „6-ка“ во светот. Тој може да ја контролира играта, но исто така да помага во одбрана и да ни помага во воздушните дуели. Очекуваме тој да извлече подобра верзија од секој играч во Барселона, – изјави Флик.







