Документарниот тв серијал посветен на Пеп Гвардиола и неговата успешна ера во Манчестер Сити ќе биде достапен од утре на една од стриминг платформите, а медиумите веќе објавија дел од поинтересните сцени кои досега не им беа познати на фановите.
Покрај фактот што на фудбалерите им открил за разводот по поразот од Јувентус во Лигата на шампионите, во документарецот има и сцена од жестока расправија со тогашниот капитен на Сити, Кајл Вокер.
Во соблекувалната, Пеп му замерил на десниот бек за загубената топка по која Луис Диаз заработил пенал за Ливерпул на гостувањето кое Сити го загуби во декември 2024 година.
Сити беше во ужасна серија во тој период, а Вокер замина во Милан веќе во јануари.
– Кајл требаше да знае дека таква загубена топка значи гол за противникот, – замерка која го разбеснила Вокер.
– На секој состанок се споменува само моето име, – рекол Вокер, на што добил одговор „можеби затоа што си капитен“, а возвратил со забелешка дека очигледно Гвардиола не сака тој да биде капитен.
Во следната сцена во документарецот, прикажан е Пеп со солзи во очите, како на своите фудбалери им порачува дека ќе си замине ако сметаат дека тој е проблемот.
– Нема да останам тука само поради парите, или само за да останам.
– Го продолжив договорот затоа што сакам да бидам тука со вас. Не сакам да чувствувам дека си одам и бегам, не сакам да го имам чувството дека се распаѓаме. Но, ако чувствувате, прво капитените, потоа другите, ако сметате дека имаме проблем, кажете ми. Тоа нема да ја промени љубовта што ја имам кон сите вас – ниту една секунда. Но, сакам да се борам. Тоа е сè. Жал ми е, – рекол Гвардиола.








