Деклан Рајс одигра едно полувреме во Суперкуп финалето против Манчестер Сити, но иако немаше некоја позначајна улога во менување на резултатот, играчот за врска беше еден од оние кои најмногу се израдуваа на победата.
Иако Арсенал ја освои титулата во Премиер лигата, минатата сезона ниту еднаш не успеа да го победи Манчестер Сити и претрпе два порази, па затоа овој триумф доаѓа добро и за самодоверба меѓу ѕвездите од првиот тим.
Рајс го прослави трофејот во Комјунити Шилд на доста енергичен начин, а во моментите кога искажуваше сатисфакција пред своите фанови, режираше и еден „фејл потег“.
Деклан се занесе при прославата на теренот, па на крајот си зададе и удар во главата со делот кој се одвојува од трофејот.
Рајс режираше урнебесна сцена пред трибината на главните навивачите, по што слатко си се изнасмеа сам на себе за комичната епизода.
Wait for it... 🤣
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) August 16, 2026
Not so smooth from Declan Rice 😂 pic.twitter.com/dC0EsZ3vKH








