Манчестер Сити одамна ги започна преговорите за Ајуб Буади и англискиот клуб се надева дека до крајот на преодниот рок ќе го обезбеди потписот на мароканскиот репрезентативец.
Играчот за врска го потврди својот голем потенцијал и на светското првенство, а со своите 18 години ветува неверојатна кариера, која барем во моментов е поврзана со екипата на Лил.
Тренерот Давиде Анчелоти вчера потврдил дека клубот преговара за евентуален трансфер на Буади, но тој самиот се надева дека фудбалерот ќе остане во француското првенство.
Сити во Буади гледа големо долгорочно засилување за средниот ред и потенцијал на фудбалер кој може да биде новиот Родри за англискиот клуб, но за Мароканецот ќе треба да исплати околу 100 милиони евра.
– Точно е дека има преговори за него и не е заинтересиран само еден клуб. Тој е навистина одличен фудбалер, па јас се надевам дека ќе остана со нас и во новата сезона.
– Се работи за неверојатно технички поткован фудбалер и момче кое делува зрело како да има триесетина години. Тој ќе биде еден од најдобрите играчи за врска во Европа наредните десетина години, – рекол Анчелоти.








