Партизан потврди ново име, осмото засилување пристигнува од НБА

Дерби

16/08/2026

13:40

415

Големина на фонт

а а а

Кошаркарскиот клуб Партизан денеска потврди уште едно засилување за новата сезона, а истото доаѓа од НБА лигата.

Се работи за Итан Томпсон, со кого „црно-белите“ ќе се засилат на бековските позиции, а овој кошаркар го доведоа од редовите на Индијана Пејсерс.

Томпсон минатата сезона дебитираше во НБА и имаше просек од 7 поени, 2,2 скокови и 1,8 асистенции по натпревар, а одлични бројки постигнуваше во развојната лига.

Репрезентативецот на Порторико кој е роден во Калифорнија е осмо засилување во пресрет на новата сезона, откако Партизан претходно ги ангажираше и Лука Вилдоза, Кајл Олман, Алесандро Пајола, Ламар Стивенс, Дерек Вилис, Никола Танасковиќ и Кевариус Хејс.