Мурињо знае со што располага: Играчите во Реал се поделени во три категории

Дерби

17/08/2026

11:48

302

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо ги заврши летните подготовки на најдобар можен начин, односно со нова победа над Шалке 04 во тест натпрварот кој се одигра во Гелзенкирхен.

Реал Мадрид победи со 0:3 на последната контролка пред новата сезона во шпанската Ла Лига, па после ден одмор кој ќе го имаат ѕвездите на Мурињо, ќе започне подготовката за воведната рунда против Еспањол.

Искусниот португалски стручњак е задоволен од тоа како изгледа неговиот тим на средината на месец август, а и самиот вели дека со нетрпение ги чека официјалните натпревари кои ќе бидат вистински тест за силата на Реал во периодот кој следи.

– Повторно прикажавме позитивна слика во сите сфери. Индивидуално има играчи кои пристигнаа подоцна и кои се уште не се на исто ниво и со ист интензитет како оние кои тренираат од првиот ден ова лето, но полека но сигурно ќе фатат ритам. Имаме играчи кои прават разлика со еден потег, имаме играчи кои се супериорни во однос на ривалите, но мора да останеме скромни и да работиме со топка и без топка.

– Одработивме уште еден добар тест, одигравме компелтен меч пред она што следи. Сега следи она најдоброто, вистинските тестови и тоа е она што ми се допаѓа и она што ме предизвикува.

– Во Реал Мадрид играчите се поделени во три категории: Имаме добри, многу добри и многу-многу добри играчи. Многу сум задоволен од сите фудбалери, сите покажуваат максимална желба за натпреварување и дојдоа со вистинскиот менталитет. Полека почнуваме да личиме на тим и ми се допаѓа тоа што го гледам, – изјави Мурињо.