Лацио беше дел од големото финале во Копа Италија во месец мај, но само три месеци подоцна, актуелниот вицешампион во ова натпреварување доживеа срамна елиминација во воведната рунда.
Римскиот тим се посрамоти на домашен терен и загуби од Мантова со 0:2 на првиот официјален натпревар на Џенаро Гатузо како тренер на Лацио, па сосема очекувано, популарниот Рино мораше да им се извинува на фановите се лошата слика која беше прикажана.
– Претрпевме пораз и ова е тежок удар во лице за нас. Сепак, ова е фудбал и мора да го поднесеме овој удар, мора да се опоравиме и да продолжиме напред. Имаме многу работа пред себе и го знаеме тоа. Им се извинуваме на фановите, никој не го очекуваше и не го посакуваше ова.
– Лацио пред неколку месеци беше дел од финалето со Интер, а денеска сме елиминирани од тим кој се натпреварува во Серија Б. Имавме свои шанси, не ги користевме, но тоа беше случај само во второто полувреме. Во првиот дел игравме со половина сили, не бевме доволно агресивни.
– Верувајте ми кога велам дека играчите работат добро, но невозможно е да се апсорбираат сите идеи за само 40 дена. Добивме удар во лице, го почувствувавме тоа, но сега мора да се опоравиме и да ги свртиме работите во наша корист, – изјави Гатузо.








