Јувентус се засили со стопер кој импресионираше на мундијалот

Дерби

17/08/2026

12:26

174

Големина на фонт

а а а

Џон Лукуми блескаше на Светското првенство во друштво на Дејвисон Санчез на стоперските позиции, а бидејќи тоа беше само потврда на квалитетот кој веќе го докажуваше во Болоња, беше јасно дека Колумбиецот ќе направи голем трансфер ова лето.

На 28-годишна возраст се чини дека Лукуми го достигна зенитот во кариерата, па од денеска тој е официјално големо засилување за одбраната на Лучијано Спалети.

Јувентус се уште има неколку дефицитарни позиции и ќе мора да доведе уште неколку засилувања до крајот на летниот преоден рок, но покривањето на важна позиција во одбраната беше еден од приоритетите на Спалети.

Искусниот стручњак доби играч по свој вкус, а Јувентус ова утро се пофали со потписот во времетраење од четири години.

Лукуми се обврза на верност до 2030-та година, со тоа што Јувентус за неговиот трансфер ќе и исплати на Болоња околу 20 милиони евра.