Пропаднатиот трансфер на Зион Сузуки во ПСЖ предизвика домино ефект, во кој сега Астон Вила преговара со Парма за јапонскиот голман, а Вила веројатно ќе му дозволи на Емилијано Мартинез да се пресели во Јувентус.
Угледниот англиски новинар Дејвид Орнстајн ексклузивно објави дека премиерлигашот денеска добил нова понуда за аргентинскиот голман и истата е вредна 10 милиони евра.
Поточно, Јувентус понудил фиксни 7 мили0ни евра и 3 милиони евра во вид на бонуси, а досега Вила бараше фиксни 10 милиони евра и веројатно ќе треба да биде пронајден компромис за финансиската формула.
Орнстајн потенцира дека личните услови на популарниот Дибу не се проблем и брзо ќе бидат решени меѓу неговиот агент и италијанскиот клуб.
Претходната варијанта беше Сузуки да потпише со ПСЖ и дојде на заем во Јувентус, но откако францускиот клуб се повлече од преговорите, Јапонецот сега ќе го истисне Мартинез од Астон Вила.








