Американската актерка Шенон Елизабет откри дека во иднина би можела дополнително да ги помести границите на содржините што ги објавува на својот профил на Онлифенс, кој веќе ѝ донел повеќе од еден милион долари.
Ѕвездата од филмот „Американска пита“ изјави дека сè уште истражува каква содржина сака да објавува и дека со текот на времето би можела да стане поотворена.
„Морам да бидам малку мистериозна. Објавувам различни видови содржини, но дури ни самата не знам каде ќе бидат моите граници. Сè уште го истражувам тоа и како што ќе станувам сè поопуштена, сакам да ги поместувам тие граници“, изјави Елизабет за „Variety“.

Елизабет (52) го отворила својот профил на Онлифенс на 16 април, кратко откако поднела барање за развод од сопругот Сајмон Борхерт.
Само една недела по отворањето на профилот, „Page Six“ ексклузивно објави дека актерката заработила повеќе од еден милион долари. Елизабет подоцна откри дека до таа сума стигнала за само девет дена.
„Надминав еден милион долари за девет дена. Тоа навистина беше изненадувачки и ми беше чест што моите обожаватели ме поддржаа“, изјави таа.
Активистката за заштита на животните призна дека не знаела што да очекува кога се приклучила на оваа платформа базирана на претплата, но реакцијата на јавноста ја опиша како многу позитивна.

„Постојано разговарам со луѓето и беше многу забавно“, раскажа таа.
Елизабет истакна и дека нејзиниот пример го следеле бројни актерки, меѓу кои 85-годишната ѕвезда од серијата „Knots Landing“, Дона Милс и актерката од серијата „Battlestar Galactica“, Триша Хелфер.

„Почнуваме да ја враќаме платформата кон она за што првично била наменета. Не мора да биде само за содржини за возрасни. Може да биде што и да посакате“, објасни таа.
Одлуката да отвори профил на Онлифенс, Елизабет ја донела во период на големи промени во приватниот живот. Како што раскажа, минувала низ развод во Јужна Африка и разговарала со својот менаџер Џо за тоа кој ќе биде нејзиниот следен чекор и како повторно да придвижи одредени работи во животот.

„Навистина запоставив многу работи, а тој го спомена тоа како една од можностите“, изјави таа.
Иако на почетокот не била сигурна дали сака да отвори профил на Онлифенс, откако подетално се информирала за платформата, одлучила да се обиде.
Актерката призна и дека финансискиот аспект на оваа работа ѝ значи многу, особено откако во последните десет години живеела од своите заштеди.

„Повторно да дојдам до точка во која нема да морам да се борам и ќе можам да избирам проекти затоа што ги сакам, а не затоа што ми се потребни пари – дефинитивно ми дава поголема слобода да го правам тоа“, рече таа.
Елизабет претходно за „Page Six“ откри дека планира дел од големата заработка да го искористи за купување куќа.

Ѕвездата од филмот „Scary Movie“ исто така се надева дека финансиската сигурност што ѝ ја носи Онлифенс ќе ѝ овозможи во иднина да биде попребирлива кога станува збор за актерските улоги што ги прифаќа.















