Манекенката Ева Херцигова се појавила на еден гала-настан и ги воодушевила сите присутни со изборот на својата модна комбинација. Навистина, таа била и останала една од најубавите топ-модели од 90-тите години.
Имено гала-вечерата на Фондацијата на принцот Алберт Втори од Монако синоќа собра бројни ѕвезди, а чешката манекенка Ева Херцигова, која неодамна се омажила по 25 години врска, блеснала на овој настан, додека класичната елеганција со доза сексапил била главната одлика на нејзината модна комбинација.

Како што може да се види, таа се решила за црн макси-фустан кој ја следи линијата на телото и ја истакнал нејзината манекенска фигура. Впечатливите детали на овој стајлинг биле длабокиот шлиц, но и деколтето кое ја разбуди фантазијата на многумина.

Изгледот го заокружила со шминка во „нуд“ тонови, а косата и била стилизирана на наједноставен начин – се одлучила за стар холивудски гламур, со бранови кои ги истакнале нејзините прекрасни црти на лицето.

Од модните додатоци носела едноставен дијамантски ѓердан, како и впечатливи обетки.

Друштво за оваа пригода ѝ правел нејзиниот сопруг, бизнисменот Грегорио Марсијаж, кој верно го следел гламурот на црвениот килим.






