Махачев за Мачадо Гари: „Публиката ќе биде на моја страна бидејќи никој не го сака. Ветувам, ќе го натераме да биде скромен“

Точка

11/08/2026

16:10

841

Големина на фонт

а а а

Актуелниот шампион на УФЦ, Ислам Махачев, јавно вети дека ќе го „спушти на земја“ и ќе го понижи Иан Мачадо Гари за време на нивната борба на настанот УФЦ 330 оваа сабота.

Боречката елита овој викенд се собира во Филаделфија, каде што главен настан на вечерта ќе биде токму пресметката за титулата во велтер категорија меѓу Махачев и Гари. Иако промоцијата претрпе бројни критики од навивачите поради наводно послабиот „fight card“ – на кој, освен главната и ко-главната борба, нема ниту еден рангиран борец – самата главна борба важи за еден од најочекуваните настани во годината.

Многумина веруваат дека Гари, познат под прекарот „The Future“, има сè што е потребно за да го симне од тронот моментално најдобриот „pound-for-pound“ борец во светот.


Откако потпиша за УФЦ, ирскиот борец стана препознатлив по својата огромна самодоверба, која во голема мера потсетува на онаа на Конор Мекгрегор. Сепак, во текот на поголемиот дел од подготовките покажуваше почит кон шампионот, нарекувајќи ја победата над Махачев „најголемиот предизвик во историјата на УФЦ“.

Меѓутоа, ситуацијата се вжешти на почетокот од оваа недела, кога Гари крена голема прашина со изјавата дека веќе изработил специјална витрина во која ќе го чува шампионскиот појас на УФЦ, додавајќи дека „ќе му направи дупка во главата на Махачев“. Дагестанскиот шампион веднаш реагираше во првата овонеделна епизода од серијалот „UFC Embedded“:

„Глуми некакво лошо момче, дава премногу интервјуа и се обидува да зборува лоши работи — изјави Махачев. „Но, јас знам дека тој всушност е скромен тип. Ако не е, јас ќе го натерам да стане таков. Ги почитувам неговите вештини и боречкото искуство, но планирам да го следам, да го фатам и да го соборам на земја. Сите го знаат мојот план за борбата, а тој ќе функционира и овојпат“ додаде Махачев.

Тој е уверен дека во Филаделфија ќе има гласна поддршка од трибините, пред сè поради иритирачкото однесување на неговиот предизвикувач.


„Публиката ќе биде на моја страна бидејќи никој не го сака Мачадо Гари. Луѓе, ви ветувам, ќе го натераме да биде скромен и да покажува почит“ заклучи шампионот.

Иако двајцата борци исклучително многу ги ценат меѓусебните спортските квалитети, официјалната прес-конференција во четврток навечер ќе биде под посебно внимание на јавноста, бидејќи се очекува Гари со сите сили да се обиде да ја наметне својата психолошка игра пред влегувањето во кафезот оваа сабота.