Алварез лут на Симеоне и челниците на Атлетико, размислува да преземе радикален чекор

Дерби

11/08/2026

12:45

88

Големина на фонт

а а а

Хулијан Алварез вчера се појави во тренинг центарот на Атлетико Мадрид и не беше пречекан од ниту еден од најважните претставници, а според шпанските медиуми, ова било добро осмислен план од Диего Симеоне.

Најавениот кам-бек на светскиот вицешампион се поклопи со терминот кога Чоло им даде два слободни дена на своите фудбалери, па додека Алварез одработувал медицински тестови во Мадрид и одработувал вежби во теретана, Симеоне се разладувал на Ибица.

„Мундо Депортиво“ открива дека Алварез не бил пречекан ниту од водечките директори на клубот, а во ситуација кога станува јасно дека тие иницијално избегнуваат контакт со аргентинскиот напаѓач, се отвора сценарио според кое „Пајакот“ би се дрзнал на радикален потег.

Атлетико не сака да преговара со својот напаѓач и не сака да слушне ниту една понуда од Барселона, а доколку работите не се поправат во наредните неколку дена, не се исклучува сценарио Алварез да бојкотира и да не се појавува на тренинзите на Атлетико.

Според каталонскиот медиум, Алварез е лут и бесен поради фактот што вчера бил избегнат од сите важни луѓе во клубот, па наместо да преговара со нив за својата иднина, минал два часа со своите агенти кои се уште се обидуваат да пронајдат начин за негова полесна преселба во Барселона.

Претставниците на Алварез минатата недела оставрија состанок со Деко, а во наредните неколку дена ќе дознаеме како ќе се одвива ситуацијата со напаѓачот кој по секоја цена сака да заврши на „Камп Ноу“.