Наполи договори продажба на Лукаку за само 6 милиони евра

Дерби

11/08/2026

13:31

94

Големина на фонт

а а а

Ромелу Лукаку целосно ги наруши односите со водечките луѓе на Наполи откако го одложи своето враќање во клубот на крајот на минатата сезона, па откако го заврши својот настап на мундијалот, беше јасно дека приоритет број еден на „наполитанците“ ќе биде да го продадат Белгиецот.

Лукаку влезе во последните 12 месеци од договорот и Наполи како клуб не можеше да се занесува со барање на некоја нелогична сума за негова продажба, а ова попладне пристигна информација дека Италијанците веќе договориле трансфер со турски великан.

Угледните извори од „чизмата“ информираат дека Наполи договорил продажба на Лукаку во Фенербахче, па Белгиецот ќе се претвори во уште една голема ѕвезда која ќе игра во турската Суперлига.

Според вестите кои пристигнуваат од Италија, висината на трансферот изнесува 6 милиони евра, а бидејќи Ромелу веќе одработил дел од медицинските тестови во соработка со Фенербахче, се очекува во најбрз можен рок да отпатува за Истанбул.

Лукаку пристигна во Наполи во 2024-та година и имаше круцијално значење во сезоната во која тимот ја освои титулата со Конте, но со своето однесување минатата година, Ромелу успеа да го разочара и својот долгогодишен штитеник Антонио, поради што беше јасно дека за него нема иднина под Везув.