Кукурелја ги издвои трите квалитети кои ќе му ги донесе на Реал

Дерби

11/08/2026

07:41

344

Големина на фонт

а а а

Марк Кукурелја имаше интензивни три недели по крајот на Светското првенство и вчера за првпат се појави во тренинг комплексот на Реал Мадрид, а откако ги мина стандардните медицински тестови, го одработи и првиот тренинг со Жозе Мурињо и новите соиграчи.

Големото засилување од Челси треба да се наметне како стандарден лев бек во тимот на португалскиот стручњак и очекувањата се актуелниот светски шампион да добие предност пред Карерас и Менди, па иако сега ќе следи фаза во која ќе има запознавање со новата средина и учење на методите на новиот тренер, Кукурелја е убеден дека брзо ќе успее да ги процесира сите потребни фази.

Дефанзивецот се гледа себеси како играч кој може да придонесе многу за тимот кој ќе се обиде да ја врати титулата во Мадрид, особено во период кога Барселона изгледаше навистина доминантно на домашна сцена во изминатите две години.

Кукурелја издвои три квалитети кои планира да ги донесе во тимот на Реал Мадрид, но најважно од се, ветува дека ќе понуди максимална работа како и секојпат на теренот.

– Јас се дефинирам со три зборови. Интензитет, карактери и радост. Би рекол дека сум микс од тие три работи. Јас сум човек кој напорно работи и верувам дека ќе ги донесам сите тие квалитети во Реал Мадрид. Со оглед на талентот и квалитетот кој го поседува тимот, верувам дека можеме да направиме големи работи оваа сезона, – изјави Кукурелја по одработениот прв тренинг.