„Добредојде“ за Марк: Диоманде го измести Кукурелја на првиот тренинг

Дерби

11/08/2026

14:39

298

Големина на фонт

а а а

Марк Кукурелја вчера го одработи првиот тренинг како член на Реал Мадрид и се запозна со дел од квалитетот на новите соиграчи, но и со тренерот Жозе Мурињо.

Левиот бек пристигна во шпанската престолнина како актуелен светски шампион и таквиот статус сигурно му годи во период кога го направи најголемиот трансфер во кариерата, но тој уште при првиот работен ден дозна дека на тренинзите ќе има доста работа.

Дефанзивецот има за соиграчи екстремно брзи и незгодни соиграчи кои се дел од нападот, а еден од нив е и Јан Диоманде.

Најскапото засилување во историјата на Реал Мадрид веќе прикажува дел од својот репертоар на воведните тренинзи како член на Реал, а интересно негова жртва вчера беше токму Кукурелја.

Диоманде го „измести“ левиот бек со лажни движења, а потоа ја смести топката во мрежа со послабата лева нога.