Европската фудбалската асоцијација го усвои правилото кое го предложи пред два дена, а истото се однесува на важна промена која ќе биде активирана во сите три натпреварувања во Европа.
Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига ќе стартуваат со ново правило поврзано за жолтите картони, или поточно за суспензијата која следи во нокаут фазата.
Со новиот формат кој го воведе УЕФА пред две години, тимовите играат повеќе натпревари во воведната и во елиминациската фаза, па затоа сега прагот на толеранција за жолти картони ќе биде поместен.
Наместо со три жолти картони, сега еден фудбалер ќе добие суспензија после четвртиот жолт картон кој ќе го заработи, што значи дека УЕФА воведува мало олабавување во оваа гледна точка.
Правилото стапува на сила веднаш, а истото ќе биде имплементирано во сите три натпреварувањата кои ќе стартуваат во месец септември.






