Според полицискиот извештај, Давид Овори бил нападнат додека се обидувал да го спречи грабежот на неговиот мобилен телефон и личните работи.
Страшна вест доаѓа од Уганда. Почина 27-годишниот фудбалер Давид Овори, еден од најпознатите играчи во земјата. Тој им подлегна на повредите здобиени во брутален напад од разбојници во близина на неговиот дом во Кампала.
Според полицискиот извештај, Овори бил нападнат додека се спротивставувал на кражбата на неговиот мобилен телефон и личните работи. Неговата смрт предизвика тага и огорченост низ целата земја, а повторно ја отвори и дебатата за проблемот со насилниот криминал. Овори беше капитен на клубот СЦ Вила, рекордер по бројот на шампионски титули во угандската Премиер лига, а настапуваше како десен бек и играч од средниот ред. Тој беше и репрезентативец на Уганда.
„Загубивме многу повеќе од фудбалер – загубивме лидер, брат и пријател“, соопштија од неговиот клуб.
CLUB STATEMENT
— SC Villa (@SCVillaJogoo) August 5, 2026
It is with profound sorrow that we announce the untimely passing of our captain, David Owori, who had been receiving treatment at Case Clinic following an attack by suspected thugs.
Our deepest condolences and prayers are with his family.
Rest in peace, Captain.… pic.twitter.com/8YjXoPDQf9
Според изјавите на сведоците, група напаѓачи го пресретнала Овори во вторникот вечерта пред неговата куќа во предградие на Кампала. Го претепале, а по грабежот го оставиле без свест. Тој итно бил пренесен во локална болница, а потоа и во приватна здравствена установа, каде што во средата починал.
Убиството предизвика шок во земјата, а фудбалските работници, навивачите, неговите соиграчи и политичарите бараат правда за дефанзивецот.
Од Овори се прости и Фудбалскиот сојуз на Уганда („FUFA“).
Colgate 🕊️ pic.twitter.com/8Dbz2yhBRB
— SC Villa (@SCVillaJogoo) August 6, 2026
„Давид не беше само фудбалер. Тој беше лидер и инспирација за цела една генерација“, порачаа од Сојузот.
Станува збор за фудбалер кој кратко настапуваше во Европа, во шпанскиот нисколигаш Велез и шведскиот второлигаш Устикенс, а во 2023 година се врати во СЦ Вила. Тој беше еден од играчите со најдолг стаж во тимот.
Во 2024 година му помогна на клубот да ја освои рекордната 17. шампионска титула, прва по пауза од 20 години. Поради големото влијание што го имаше и на теренот и во соблекувалната, клубот неодамна му го продолжи договорот до јануари 2027 година, а за репрезентацијата на Уганда настапуваше и во квалификациите за Африканскиот куп на нации во 2021 година.









