„АС“: Родри навел три причини поради кои ја ставил Барса на прво место пред Реал Мадрид

Дерби

07/08/2026

11:14

402

Големина на фонт

а а а

Родри полека се дистанцира од Манчестер Сити и се подготвува за нова возбудлива авантура во неговата кариера, па иако се водеше кон тоа дека ќе заврши во Реал Мадрид, денеска дојде до голем пресврт за кој зборува и пишува цела Шпанија.

Имено, најдобриот играч на Светското првенство учтиво ја разгледал последната понуда од Реал Мадрид и уште попристојно им одговорил со „НЕ“ на „кралевите“, нудејќи и три причини поради кои ќе му даде предност на проектот кој му го нуди Барселона.

Угледниот „АС“ се повика на инсајдерски извори од Реал Мадрид и открива дека Родри навистина водел разговори со претставниците на „кралскиот клуб“, но на крајот проценил дека неговиот стил на игра повеќе прилега на оној кој го негува Барселона.

Родри понудил три причини кои пресудиле во корист на Барселона, па поради тоа, Каталонците ова попладне добија зелено светло од самиот играч да отпочнат преговори со Манчестер Сити и што побрзо да ја реализираат зделката.

Како што тврди „АС“, Родри се однесувал максимално коректно во разговорите со Реал Мадрид, но како клучни фактори за големиот пресврт ги навел стилот на игра на Барселона, наследството и приврзаноста со Пеп Гвардиола, како и блиските односи со играчите од Барселона со кои веќе со години гради доверба во репрезентацијата.

Според веста која ја пренесе „АС“, во Реал Мадрид мирно ги прифатиле неговите објаснувања и му посакале среќа во кариерата, јасно заклучувајќи дека во шпанската престолнина пристигнуваат само луѓе кои навистина сакаат да го носат белиот дрес.