Аргентина не успеа да ја одбрани титулата на Светското првенство и претрпе пораз од Шпанија во големото финале, но за голем број Аргентинци, многу поважно беше само тоа што се победи во полуфиналето против омразениот ривал Англија.
Анхел Ди Марија е еден од оние кои јавно посочија дека за него мундијалот завршил по победата во полуфиналето со Англија и не даде преголемо значење на поразот од Шпанија, а очигледно по тој пример се водат и водечките луѓе во Федерацијата.
Аргентинците никако не можат да бидат разочарани од фактот што освоија една титулата и играа во две финалиња во последните четири години, а за да му се оддаде посебно значење на триумфот над Англичаните, датумот 15-ти јули сега добива посебно место во историјата на аргентинскиот фудбал.
„Гаучосите“ соопштија дека 15-ти јули отсега ќе биде национален ден на аргентинската фудбалска репрезентација и ќе се одбележува како фудбалски празник секоја година, датум кој ќе ги навраќа фановите на незаборавниот и епски пресврт против Англија во полуфиналето кое заврши со резултат 2:1.
– Го бираме овој датум за да дадеме посебно значење на историски големата победа која аргентинската репрезентација ја оствари над Англија во полуфиналето на Светското првенство, – се вели во соопштението на АФА.
Во истото се додава дека овој ден нема да се однесува само на најсилната репрезентација, туку истиот ќе го празнуваат сите селекциите кои се дел од аргентинскиот фудбал во машка и женска категорија.






