Трансфер сагата наречена „Винисиус Жуниор“ беше јасно дека ќе заврши до крајот на оваа недела, бидејќи Реал Мадрид како клуб постави ултиматум целата ситуација да биде решена во првите седум дена од враќањето на играчот од летниот одмор по Светското првенство.
Иако иницијалните контакти не беа баш најиделани бидејќи Вини ја одби понудата од Реал вредна 22 милиони евра по сезона, наредните два состаноци вродија со плод, а тоа се случило откако клубот решил да исполни дел од новите барања на Бразилецот.
Угледните медиуми како „Марка“ и „АС“ проценуваат дека двете страни се нашле на средина и Винисиус ќе заработува по 25 милиони евра по сезона, сума која ќе му биде гарантирана во наредните шест години.
По кратки преговори, Реал Мадрид денеска официјално соопшти дека му е продолжен договорот на Винисиус, што воедно значи дека тој останува да биде една од клучните фигури во проектот на „кралскиот клуб“.
Од друга страна, ова значи крај на надежите на Арсенал дека ќе го добие потписот на Бразилецот, па јасно е дека Микел Артета сега ќе мора да се насочи на друг фудбалер.
Веста за Винисиус пристигнува во ист ден кога беше потврден трансферот на Јан Диоманде, но и после ексклузивна вест дека Родри ја одбил понудата на Реал и го избрал проектот на Барселона.






