Хрватска е најоштетена репрезентација од ВАР одлуките на СП

Дерби

14/07/2026

14:19

206

Големина на фонт

а а а

Пред нас се последните четири натпревари од 23. Светско фудбалско првенство, фаза во која ќе ги гледаме Франција, Шпанија, Англија и Аргентина.

Следуваат полуфиналињата, па битката за третото место и на крајот финалето, но пред овие возбудувања имаме една интересна анализа која се најде во центарот на вниманието. Имено „World Visualized“ е страница што креира инфографици за глобалните трендови и, како што наведува, „ги трансформира сложените глобални теми во јасни, визуелни прикази засновани на податоци“ за побрзо разбирање и дискусија.

Според истата судиите на ова СП го искористиле ВАР во 35 наврати за проверка на ситуации поврзани со прекршоци што е зголемување во споредба со претходните два турнира. На Светското првенство во 2022 година беа регистрирани 26 вакви интервенции, додека во 2018 година, кога ВАР технологијата дебитираше на најголемата фудбалска сцена, имаше 22.

Нивната анализа покажува дека Хрватска е репрезентацијата која е најоштетена на ова Светско првенство кога се гледаат ВАР интервенциите поврзани со прекршоците. Како што објаснува „World Visualized“, кога се пресметуваат интервенциите на ВАР на 100 направени или досудени фаули, се појавуваат значителни разлики меѓу националните тимови.

Мексико имал највисока стапка на ВАР интервенции во нивна корист – 7,8 на 100 прекршоци, додека Аргентина е втора со 6,7. Од друга страна, Хрватска имаше највисока стапка на ВАР интервенции против нив – 6,5, пред Иран со 5,4 и Катар со 5,1.

Од полуфиналистите на Светското првенство, Аргентина и Франција имаат позитивен сооднос на одлуки за ВАР, додека Шпанија и Англија имаат негативен.