Гасперини за иднината на ѕвездата на Рома: Се надевав дека враќањето во ЛШ…

Дерби

14/07/2026

13:03

221

Големина на фонт

а а а

Рома по пауза од некое време повторно ќе ја гледаме во Лигата на шампионите со тоа што останува да видиме каков ќе игра составот, играчкиот кадар.

„Волчицата“ може да остане без значајни играчи поради финансиски причина, а еден од нив кој најмногу „виси“ во моментов е Ману Коне. Коне и претходно беше интересен за другите клубови, но по одличниот настап на СП се зголеми бројот на тимови кои го посакуваат, ама во исто време и неговата цела на пазарот.

Калчолигашот дефинитивно би сакал да го задржи, меѓутоа ако стигне соодветна понуда веројатно нема да му стојат на патот на Французинот.

- За разлика од Мален, тој беше надвор од терените некое време поради повреда и пристигна на Светското првенство во подобра форма. Минатата година сè уште не играше за Франција, а успеа да заработи место во стартниот состав, што ја покажува неговата вистинска вредност.

- Неговата иднина? Мислам дека овие услови за финансиски фер-плеј никогаш не се толку прецизни и дефинирани; тие варираат од тим до тим. Рома, исто така, треба да ги избалансира сметките, кои беа оптоварувачки во последните години. Се надевав дека враќањето во Лигата на шампионите ќе биде доволно, но јасно е дека финансиските извештаи се клучни за клубовите. Верувам дека ќе има поголема јасност во наредните недели, -истакна предводникот на Рома, Џан Пјеро Гасперини.

Коне има договор до 2029 година, а според информациите Рома бара 60+ милиони за неговите услуги.