Дешамп пред полуфиналето со Шпанија: Сите знаеме кој е вистинскиот фаворит

Дерби

14/07/2026

07:09

548

Големина на фонт

а а а

Француската фудбалска репрезентација одлично одговори на целиот притисок кој се создаде уште пред почетокот на мундијалот, кога сите очи беа вперени кон „триколорите“ и добар дел од светската јавност ги нарече избраниците на Дидие Дешамп како главени фаворити за трофеј.

Со прикажаната игра и пласманот во полуфиналето, „галските петли“ стигнаа на два чекори од посакуваната цел, но за да стигнат до финалето, сега ќе треба да премостат една пречка која не успеаја да ја надминат во изминатите две години.

Франција претрпе порази од Шпанија во полуфиналињата на Европското првенство и Лигата на нации, па поради последните резултати, Дешамп реши да ја префрли топката на спротивната страна.

– Ја познаваме Шпанија многу добро и знаеме што не чека. Тие се актуелни европски шампиони и тоа е тимот кој треба да се победи.

– Пред Светското првенство, сите не посочија нас како главни фаворити, но реалноста е друга. Шпанија е главен фаворит и притисокот е на нивна страна, тоа е поради резултатите кои ги остварија во последните две години, – изјави Дешамп.