Долгата коса на Ерлинг Халанд повторно е во центарот на вниманието, а ја прокоментира и Златан Ибрахимовиќ, кој му порача никогаш да не ја скрати.
По 28 години чекање, Норвешка, предводена од ѕвездите Ерлинг Халанд и Мартин Одегард, под водство на Столе Солбакен, повторно се врати на големата фудбалска сцена.
На ова Светско првенство Норвежаните го остварија својот најголем успех досега, откако за првпат се пласираа во полуфинале, каде што беа елиминирани од фаворизираната Англија во натпревар што остави многу контроверзии околу судиските одлуки.
Со своето природно однесување и непосредниот однос кон навивачите, за разлика од многу фудбалери кои настапуваат шаблонски во јавноста, Ерлинг Халанд освои големи симпатии ширум светот.
Меѓу причините за тоа е и неговата неодамнешна изјава дека по завршувањето на фудбалската кариера сака да се посвети на земјоделство и живот на село.
Големо внимание привлекува и неговата долга коса, која неодамна ја коментираше и Златан Ибрахимовиќ, порачувајќи му никогаш да не ја скрати, иако токму ова Светско првенство покажа дека косата понекогаш може да биде границата меѓу славјето и разочарувањето.
Само неколку дена по таа изјава, Ибрахимовиќ и Халанд повторно се сретнаа, потсетувајќи ги сите дека, барем според нив, моќта е во косата.







