Ираола најави засилувања за Ливерпул: Работиме напорно…

Дерби

14/07/2026

07:34

363

Големина на фонт

а а а

Андони Ираола ќе го има најголемиот предизвик во досегашната тренерска кариера и тоа како предводник на англискиот великан Ливерпул.

Ираола заврши одлична работа во Борнмут, претходно имаше резултати за почит во Шпанија, но ова е сосема друга категорија, друго ниво за кое допрва ќе видиме дали е подготвен.

Ливерпул покажа многу мани, слабости во сезоната што е зад нас, екипата веќе ја напуштија неколку играчи меѓу кои и Салах и Робертсон, фудбалери кои донесоа многу радости во претходната деценија. „Црвените ѓаволи“ како освежувања ги доведоа офанзивецот Виктор Муњоз и дефанзивецот Жереми Жаке, но Ираола најави нови имиња во наредниот период.

-Веќе потпишавме со двајца играчи, ни требаат повеќе, го знаеме ова. Работиме на ова. Како тренер ги сакам играчите тука од првиот ден, себично, но знаеме дека не функционира вака, работиме напорно за тие потписи. Очигледно се обидувам да помогнам [со потписите], -истакна Шпанецот.

-Разговарав со играчите на Светското првенство, особено со оние кои се елиминирани, уживаат во своите одмори, не сакав да ги вознемирувам додека траеше, но имав неколку добри разговори. Ги искористив овие недели пред тренингот за да разговарам со многу луѓе кои работат тука секој ден. Тие создаваат добра средина за нашите играчи да можат да играат максимално, -додаде Андони.