Влегуваме во последните денови од 23. Светско првенство, турнир на кој ќе се одиграат само уште четири натпревари.
Денеска и утре се на програмата полуфиналните средби, а до крајот на оваа седмица ќе следуваат битките за третото место и за титулата.
Со големо внимание ќе се испратат овие настани, доста познати фудбалски имиња даваат прогнози и меѓу нив сега е и новите тренер на Челси, Чаби Алонсо. Алонсо верува дека неговата Шпанија може да оди до самиот крај и да го повторни успехот на нивната генерација од 2010 година.
- Всушност, гледањето на сите натпревари на Шпанија ми будат многу спомени од Светското првенство што го освоивме. Поради тимот, поради енергијата што ја пренесуваат, поради контролата што ја имаат врз натпреварите.
- Сигурно имаме многу причини да бидеме оптимисти. Што и да се случи со Франција, тоа ќе биде фантастичен натпревар за гледање, па навистина со нетрпение го очекувам. Тие имаат одличен тим и сигурно можам да ги видам како го освојуваат ова Светско првенство. Тие играат навистина добро и имаат навистина силен тим, - порача Чаби.







