Португалија освои четири бода на првите два натпревари на Светското првенство, прво ремизираше со ДР Конго (1-1), па го разби Узбекистан со 5-0.
Имаше доста критики за Португалците по првиот меч пред се на сметка на капитенот Кристијано Роналдо за да потоа тие се стишат по соочувањето со Узбекистан на кое ветеранот даде два погодоци.
Меѓутоа сега доаѓа вистинскиот предизвик, дербито со Колумбија пред кое Педро Нето порача дека Португалија не е зависна од Роналдо.
- Кристијано е многу важен за нас, но зборот „зависност“ е претежок. Знаеме дека ако топката дојде во шеснаесетникот, веројатноста тој да постигне гол е многу голема, но ние создаваме можности за сите играчи. Имаме наши стандарди, наш стил на игра и мислам дека немаме таква зависност од него, имаме доверба.
- Знаеме дека ќе се соочиме со екипа која го пропушти Светското првенство во 2022 година во Катар, противник кој е добар, има добар тим, беше финалист на Копа Америка, а клучниот збор е отпорност, а јас би додал работа. Тоа е она што го правиме, бевме отпорни, работевме многу. За натпреварот со Колумбија, тоа е клучот, знаејќи дека тоа е многу борбен тим, јужноамерикански тим силен во тој аспект, и мора да ги достигнеме или надминеме, -истакна Нето кој говореше и за добиените критики.
- Мислам дека не беше толку лутина, туку повеќе желба да одиграме уште подобра игра. Што се однесува до првиот натпревар, мислам дека почнавме добро, а потоа малку изгубивме интензитет, исто така затоа што беше првиот натпревар. Беше јасно како влеговме во играта и успеавме да го одржиме тој ритам. Кога зборуваме за тоа дали Португалија е кандидат за титулата, сите го знаат квалитетот што го имаме, заедништвото, дури и затоа што ја освоивме Лигата на нации. Сите тимови гледаат на нас поинаку по тоа натпреварување. Треба да си ја завршиме работата и да стигнеме што е можно подалеку – заклучи офанзивецот на Челси.











