Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ја доби ривалката за првата рунда на најпрестижниот грен слем турнир Вимблдон.
Лина преку квалификациите дојде до главната фаза, но денешната ждрепка не е беше наклонета и за противник ја доби тенисерката која лани играше на финалето на овој турнир - Аманда Анисимова.
Американката е шеста на ВТА листата, тенисерка која има играно финале и на Ју-Ес Опен, а полуфинале и четвртфинале на Ролан Гарос и Австралија Опен.
На последниот турнир како загревање за Вимблдон загуби од Ива Јовиќ во Лондон со 2-1 во сетови.







