Андонова ја напушти Шпанија и потпиша за шампионот на Швајцарија

Дерби

26/06/2026

13:43

233

Големина на фонт

а а а

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова ја менува клупската средина и Шпанија ќе ја замени со Швајцарија.

Андонова по втор пат во кариерата играше на Пиринеите, поточно по епизодите во Барселона и Леванте кратко време настапуваше во Ал Шабаб за да потоа стане дел од Мадрид, тим кој настапуваше заклучно со сезоната 2025/2026.

Сега фудбалерката од Неготино ќе биде дел од швајцарскиот шампион Сервет со кого ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите.

Андонова е искусна, има 32 години и со нејзиното знаење сигурно ќе може и тоа како да му помогне на Сервет да дојде до посакуваните резултати.