Германија е една од селекциите која си ја заврши задачата по првите две кола на Светското првенство, оствари две победи и го обезбеди првото место во групата пред завршницата на оваа фаза која за нив значи соочување со Еквадор.
Меѓутоа селекторот Јулијан Нагелсман не е докрај задоволен затоа што уште некое време нема да го знаат ривалот во првата нокаут фазата, поточно тоа ќе биде еден од третопласираните селекции од групите А, Б, Ц, Д или Ф, односно ќе мора да чекаат до самиот крај за да добијат јасна слика.
- Не мислам дека е идеално да си донекаде казнет за победа во групата. Не сум голем фан на тоа. Секој може да замисли дека има подобри подготовки од прелистување снимки цела сабота навечер, само за да му го претставиш противникот на тимот во недела, - рече селекторот и додаде:
- Ги поделивме противниците кои се најверојатни. Гледав малку, нашиот тим за анализа гледаше неколку. Сите веќе гледавме три или четири натпревари од потенцијалните противници. Можеме да работиме преку ноќ повремено, не е толку лошо, - порача Нагелсман.







