[ФОТО] Кинезите со неверојатни цени подготвуваат нов удар врз Европа: Пристигнува најевтиниот „MG“ досега

Точка

14/06/2026

13:45

1.577

Големина на фонт

а а а

„MG“ се подготвува дополнително да ја заостри борбата меѓу малите градски автомобили.

Кинескиот бренд, кој европските купувачи веќе ги навикна на многу конкурентни цени, наскоро би требало да го претстави својот најповолен модел – новиот „MG2“.

Станува збор за автомобил кој треба да стане влезен модел на марката, а првиот концепт би можел да биде претставен на „Goodwood Festival of Speed“, кој ќе се одржи од 9 до 12 јули. „MG“ засега официјално не потврди дека најавата се однесува токму на „MG2“, но сè упатува на тоа дека токму тогаш ќе биде прикажан најмалиот модел во понудата.


Малиот „MG“ ги таргетира „Panda“, „500“ и „Picanto“

За градскиот автомобил од А-сегментот на „MG“ се зборува веќе со месеци, а сега се чини дека проектот се приближува до завршната фаза. Концептот треба да го најави серискиот модел, кој би можел да биде претставен наесен, а во продажните салони да пристигне кон крајот на 2026 или почетокот на 2027 година.

Според најавите, „MG2“ треба да донесе дизајн поинаков од актуелните модели на марката. Целта е јасна: да се прошири понудата кон понискиот сегмент и да се нападне пазарот во кој денес останаа само неколку модели, како „Fiat Panda“, „Fiat 500“ и „Kia Picanto“.

Во исто време, новиот „MG2“ би можел да им конкурира и на електричните градски модели како „Dacia Spring“ и „Leapmotor T03“. Се очекува „MG2“ да биде понуден како електричен автомобил, но засега не е исклучено подоцна да пристигне и со бензински или хибриден погон.


Цената би можела да биде најголем адут

„MG“ веќе покажа дека знае да го погоди пазарот со цената, а токму тоа би можело да биде најсилниот адут на новиот „MG2“. Успехот на моделот „MG3“ покажа дека постои голем интерес за поволни автомобили, особено ако покрај пристапната цена нудат доволно опрема и модерен погон.

Според проценките, почетната цена на „MG2“ би можела да биде околу 14.990 евра. Со попусти, барем според очекувањата, би можела да се спушти и под 12.000 евра, што за европскиот пазар би била исклучително агресивна понуда.


Доколку овие најави се остварат, „MG2“ би можел да стане еден од најинтересните нови градски автомобили во Европа. Побарувачката за мали електрични модели во последните години значително порасна, а успехот на моделите како „Leapmotor T03“ покажува дека купувачите бараат едноставни, компактни и поволни автомобили за градско возење.

Со новиот модел, „MG“ би можел да го направи токму она што на европските производители сè потешко им успева – да понуди мал автомобил по цена која звучи речиси како враќање во некои поранешни времиња. Конечните информации допрва се очекуваат, но одбројувањето очигледно веќе започна.